По 20 години бегство Хаџиски седна на обвинителна клупа, не се сеќавал на ништо…

од desk3
90 прегледи

Долгогодишниот бегалец од македонската правда Миле Хаџиски денеска беше изведен пред суд. По 20 години бегство во странство во повторениот судки предмет се товари за свирепо убиство врз Мери Јошевска извршено пред 20 години.

mile_hadziski_1

“Не се сеќавам на ништо”- изјави Хаџиски.

Хаџиски тврдеше дека не е убиец, а кобната вечет тој раскажа дека пиеле со Мери и после дома се разбудил во крв.

Хаџиски се товари дека во во 1993 година по расправија со 40 убоди со нож ја убил Јошевска.Тие најпрвин се скарале по што Миле почнал да ја дави со раце,потоа со пепелник ја удрил двапати по глава и со кујнски нож ја избодел во пределот на главата и стомакот. Во првото судење беше осуден на 20 години затвор.

Хаџиски беше ослободен поради недореченостите во тогашниот ЗКП за максималното траење на притворот и три години по убиството беше ослободен. Со лажен идентитет побегнал во Франција и Шврајцарија каде поради кражби беше уапсен и екстрадиран во Македонија.