Утре се запечатува внатрешно-политичката и интеграциска иднина за Македонија

од desk3
73 прегледи

Утре се запечатува внатрешно-политичката и интеграциска иднина за Македонија. Како што информираат дипломатски извори за локално.мк, утре ЕК го затвораат извештајот за Македонија. Документот треба да биде презентиран во вторник или во четврток наредната недела. Тој ќе ги содржи сите забелешки на ЕК за развојот на политичката криза во државава особено поради ( ако не се случи до полноќ некаков договор) кршењето на договореното од Пржино.

ХанМедијаторот Ванхауте изјави денеска дека земајќи ги во предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното обвинителство и именувањето на министри и заменици министри во Владата.

Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група која официјално ќе ги одобри одлуките кои се донесени за време на билатералните средби. Ванхауте, кој е вклучен во преговорите смета дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот од Пржино. Тој порачува дека е во интерес на сите граѓани на Македонија да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во договорот, со цел да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.
За она што успеаја да се договорат партиите единствено е Изборниот законик и Собраниската анкетна комисија за прислушуваните разговори, а не ги премостија разликите за Законот за Владата, ингеренциите на мнистрите, Законот за цензура на бомбите…

Како што и претходно информираа од СДСМ , ако до полноќ нема договор, тие ќе ги преземат сите механизми кои им се на располагање , а најверојатно  тое ќе е продолжување со бомбите и повторно напуштање на Собранието.

Она што се шпекулира дека и владејачката партија ќе почне да ги користи вон-институционалните механизми и    ќе вади луѓе на улица во повеќе градови , како што беше случај и досега со контра-протестите и контра-камперите.