Ванхауте: Има прогрес во инплементацијата на договорот од Пржино

од Vladimir Zorba
86 прегледи

 

Земајќи ги во предвид последните случувања, Политичката работна група се договори да се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања: изборот на преостанатите јавни обвинители во Јавното овинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како и именувањето на министри и заменици министри во Владата.

клуб

Откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со Политичката работна група која официјално ќе ги одобри одлуките кои се донесени за време на билатералните средби. Сметаме дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот. Во интерес на сите граѓани на Република Македонија е да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во Договорот, со цел да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во Европската унија се вели во  известувањето од преговарачот Питер Ванхауте.

Од тимот на преговарачот  денеска ги известија медиумите дека медијаторот Ванхауте нема да дава изјави туку во иднина  на овој начин преку соопштенија ќе известува за напредокот и состојбите со преговорите, и спроведувањето на договорот од Пржино