Анестезиолозите од гевелиската болница Томчо Ванцев и Зоран Јовановски од добија отказ.
Отказното решение следува откако анализите покажаа дека учествувале на оперативниот зафат, врз сега почината родилка и нејзиното неродено дете, под дејство на алкохол.
Во писменото соопштение од директорот на болницата Сретко Јованов се вели дека ваквата мерка за докторите, специјалисти по анестезиологија и реанимација, стапува на сила веднаш.
Гевгелиската болница е без анестезиолози, а оперативните зафати се препраќаат во Велес и Штип.
