Facebook сака корисниците да поминуваат повеќе време на мобилната апликација на социјалната мрежа. За целта компанијата го обновува и подобрува делот за известувања.
Во неа корисниците ќе можат да избираат и персонализираат какви известувања да добиваат и од кого. Покрај потсетници за настани и родендени на роднини и пријатели, луѓето ќе можат да избираат и дополнителни информации. Пример апликацијата ќе може да ги прикажува резултатите на тимовите кои корисникот ги “лајкнал” на Facebook. Повторно врз основа на она што му се “допаднало” на Facebook, корисникот ќе добива потсетници дека наближува времето на емитување на омилениот серијал, излегувањето на даден филм во кината и др.
Во случај да сте ја активирале функцијата за локализација, корисниците ќе добиваат известувања и за временската прогноза, особено ако тоа се влошува, како и препораки за интересни места и локали во близина.
Ажурирањето на апликацијата нема да ги смени поставките на корисниците во моментот. Тие ќе можат да се допрецизираат во самата апликација. Првично новата функција ќе се нуди за потрошувачите во САД. Врз основа на повратните информации на корисниците ќе се оценува и какви дополнителни можности ќе се додадат или отстранат кон прилагодените известувања.