Апелација се прогласи за ненадлежна за прислушуваните материјали

од desk3
81 прегледи

Апелацискиот суд Скопје се прогласи за ненадлежен по жалбите на Обвинителството за користење на прислушуваните материјали и ги врати списите од предметот до првостепениот суд.

суд

Во дописот со кој жалбите се враќаат на надлежно постапување на овој суд се наведува:

„Согласно чл. 93 од ЗКП, кој се однесува на издвојување доказ, е предвидено дека кога врз некој доказ не може да се заснова судска одлука, судија на претходна постапка, по службена должност или по предлог на странките, ќе донесе решение за издвојување на списите најдоцна до завршување на истражната постапка. По подигнување на обвинителен акт, решение за издвојување докази донесува совет за оцена на обвинителен акт. Против ова решение е дозволена посебна жалба по која одлучува повисокиот суд“.

Оттаму велат дека во согласност со одредбите од ставот 5 од членот 25 од Законот за кривична постапка, по жалби против одлуките на судија на претходна постапка одлучува совет од тројца судии.ж

МЕТА