По дипломтаската порака  , која е без преседан, кога  во својство на протестанти пред Владата на РМ , петте највлјателни амбасадори  на ЕУ и САД , В Британија ,Италија Франција и Германија,  му ја упатија на премиерот Груевски , тој лаконски одоговори:„Народот на Македонија одлучува за својата иднина“. Се разбира Груевски тоа го направи преку   Твитер од ДУбаи и тоа веднаш  по изјавата на амбасадорите за негова одговорнос за спроведување на договорот од Пржино.

 

Потоа Груевски за некој час и на сајтот на владата им го закачи  на англиски преведен ,неговиот говор од денот на ВМРО , да  амбасадорите  разберат  меѓу редови дека нему и не му е гајле многу за препораката  со која мавтаат,  и дека нардот е со него,  и токму тој со него ќе ја одредува иднината на државата а не странците.грујое

Сега кога се врати вокабуларот во стилот на изгубени во преводот и дикцијата и тонот се сосем  други.  На новинарско прашање за изјавата на амбасадорите кои повикаа ВМРО-ДПМНЕ да не ги одложуваат неопходните реформи за излез од кризата, а СДСМ да не објавува нови содржини од т.н. политички „бомби“, Груевски истакна дека го поздравува нивниот ангажман, за како што рече, помагање и олеснување на преговорите.

Премиерот укажа и дека неговиот коментар на Твитер за тоа дека народот ќе одлучи на избори не е ништо друго, туку потврда на тоа што е реалност кога доаѓаат изборите.

– На изборите одлучуваат граѓаните, рече Груевски дополнувајќи дека неговиот коментар воопшто не е во колизија по напорите што ги прават претставниците на меѓународната заедница да и помогнат на Македонија за побрзо да се надмине сегашната ситуаиција во преговорите.

И ДПА  повикува на конструктивност, а за ДУИ нема дилеми дека договорот од Пржино мора да се спроведе, во спротивно тие се подготвени да ја напуштат Владата.

Груевски вели дека преговорите околу договорот од Пржино непречено продолжуваат. „Ние сме подготвени спроведувањето на договорот што побрзо да се случи“, рече Груевскиа.

Министерот за финансии Зоран Ставрески влера исто така на  конференција за медиумите рече дека наскоро специјалното обвинителство ќе ги добие првите пари од буџетот. „Во текот на оваа недела отворена e сметка за префрлување на средствата, обезбедени се средства за нејзината работа, се надевам дека ќе бидат одобрени на денешната седница на Владата, а одлуката за префрлување на средствата ќе се усвои на седница на Собранието закажа на 2 ноември“, рече Ставрески.
Странците сепак стрпливо чекаат кој ќе се преиигра. Во меѓувреме ја пратија пораката дека се можни  измени во извештајот на ЕУ за Македонија. Европската комисија потенцира дека се можни измени во прогрес извештајот, иако тој е финализиран уште пред неколку месеци.

„Прогрес извештајот е внимателно подготвен и финализиран неколку месеци однапред, но можни се измени во зависност од последните случувања во земјата”, изјавија од  Европската комисија.

 

Слични содржини