НЛБ Тутунска банка со нов директор

од Vladimir Zorba
185 прегледи

НЛБ Тутунска банка“, една од трите најголеми домашни банки, има фантастични финансиски резултати во првите девет месеци годинава, покажува неревидираниот неконсолидиран биланс на успех. За првите девет месеци секоја акција на таа банка носи добивка од 939 денари што претставува потенцијален принос од 14,4 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција постигната на берзата за хартии од вредност. Информациите за добивката многу веројатно дека можат да ја зголемат пазарната цена на таа акција, особено ако се има предвид тоа што пред неколку месеци банката од ланската добивка подели сочна дивиденда од речиси 500 денари за акција. А тоа е силно врежано во меморијата на инвеститорите особено затоа што нема многу други такви позитивни настани во скромната понуда за добри дивиденди кои беа поделени годинава.

Нето добивката на крајот на септември изнесува 801,8 милиони денари (над 13 милиони евра), а во споредба со истиот период лани таа бележи раст од 277 милиони денари (околу 4,5 милиони евра) односно раст од 50 отсто во споредба со добивката за првите девет месеци лани.  На крајот на првото полугодие годинава добивката на оваа банка изнесуваше 509,8 милиони денари и за последниве три месеци таа порасна за 292 милиони денари, што е исклучително солиден резултат ако се земе во предив дека просечниот квартален профит за првите две тромесечја изнесува 254,5 милиони денари.e22876edfe3471c5e264dc823f1751f1_w770_h440

 

Банката за првите девет месеци успеала да реализира нето приход од камати во износ од 1,785 милијарди денари. Во споредба со истиот период лани банката бележи раст на нето приходот од 290,9 милиони денари односно безмалку 5 милиони евра. Во споредба пак со првите шест месеци годинава нето приходите од камати во периодот јули-септември се зголемени за 608 милиони денари. Банката држи добро  ниво и кај нето приходот од провизии и надоместоци. За првите девет месеци годинава по тој основ има прилив од 673 милиони денари (околу 11 милиони евра),  што е исто ниво како и лани. Во третиот квартал пак износот на нето приходи од провизии и надоместоци е зголемен за речиси 221 милиони денари што секако дека е солиден резултат.

 Банката во овој период ги зголемила трошоците за плати на своите вработени за 30 милиони денари во споредба со истиот период лани до износ од 537 милиони денари. Оваа банка ангажира околу 700 вработени лица и како што веќе пишувавме дава најголема просечна плата по вработен во споредба со нејзината главна конкуренција: Стопанска банка Скопје и Комерцијална банка..