Началникот на ГШ на АРМ со рускиот амбасадор разговараа за воено-техничка соработка

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербаг.

New Image

Притоа се разговараше за можностите и активностите кои би биле вклучени во Планот за билатерална воена соработка за следната година врз основа на годишниот План за соработка.

Генералот Величковски и амбасадорот Шчербаг истакнаа дека соработката во областа на одбраната е од интерес за двете држави и во тој контекст се разгледуваат можностите за проширување на меѓусебната соработка во однос на стручна обука на персонал и други форми на воено-техничка соработка.