Базилика во Барселона станува највисокиот верски храм во Европа

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Базиликата “Саграда Фамилиа”, обележје, која најверојатно никој не пропушта да го види за време на неговиот престој во Барселона, станува највисокиот верски храм во Европа, пишува “Индипендент”.

б азилика

Последниот фаза на долготрајната изградба на храмот, веќе е во тек и изградба на шесте нови кули е кон својот крај. Катедралата е дизајнирана од архитектот Антонио Гауди , а кулите  кои грабаат кон височините кон   небото над Барселона, го надмина досегашниот највисок храм во Европа, кој се наоѓа во Германија. Кулите треба да бидат целосно завршени до 2026 година, кога Шпанија ќе одбележи 100 години од смртта на архитектот Гауди. “Саграда Фамилиа” ја преживеа во текот на времето војната  во Шпанија, диктатурата на Франко и падот на шпанската економија. Катедралата е дел од светското наследство на УНЕСКО и годишно привлекува околу 3,2 милиони. Посетители.