Шеф на германската полиција: Мигрантите ja загрозуваат безбедноста !

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Неконтролираниот наплив на мигранти во Германија  ја загрозува внатрешната безбедност на федералната република. Ова предупредување отворено  го упати директорот на германската полиција Холгер Мјонх.

бегалц

“Ситуацијата во областа на безбедноста се влошува и тоа се должи на зголемениот број на мигрантите кои пристигнуваат во земјата”, рече Мјонх пред германското списание “Фокус”. Водиме истраги против десет лица за кои постои сомневање дека учествувале во воени злосторства во странство или се дел од терористички организација, појасни уште шефот на полицијата. Тој нагласи дека “судирите меѓу барателите на азил се се почести од една страна, и од друга – расположението меѓу десничарските приврзаници кои постојано  се запалени”. “Оваа динамика ме загрижува. Ситуацијата е тешка и напната”, рече уште полицискиот шеф и појасни дека нападите врз приемните центри за бегалци во Германија оваа година се тројно зголемени. Вкупниот број на нападите од почетокот на година е над 600, а за целата оваа година беа само  198 . Во 98 од нив има насилство, а во 49 случаи станува збор за палење на центрите.

коњи полице

 

Потсетуваме дека само во изминатиот ден од Австрија во Баварија пристигнаа околу 8.000 луѓе. Доцна синоќа  дојде до нови судири меѓу мигрантите на словенечко-австриската граница крај Шентил. Поради тбеше потребна интервенција на словенечката полиција. За последните две недели од Хрватска во Словенија пристигнаа над 102 000 мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи во Љубљана. 75 000 од нив успеале да преминат во соседна Австрија.