(ВИДЕО) Заев не очекува одложување на изборите

од desk3
75 прегледи

Социјалдемократскиот сојуз ќе направи сè за да успее Договорот од Пржино и за да не ја изгубиме препораката од Европската унија, изјава денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на една од дебатите од проектот „Визијата за Македонија“.

zaev

Тој рече дека СДСМ останува целосно посветен на договорот и на исполнувањето на обврските што се предвидени со него.

– Имаме само неколку дена за да се договориме и за да не ја изгубиме препораката од ЕУ. Работите најмногу кочат кај законот за Влада, надлежностите на министрите и на замениците-министри. Целосно сме посветени, кооперативни и флексибилни – изјави Заев.

Одговрајќи на новинарско прашање, тој рече дека не верува дека постои можност изборите да се одложат, туку дека искрено очекува дека договорот ќе се спроведе во целост.

За повиците за одбрана на државата и за излегување на барикади од луѓе блиски на власта, Заев рече дека тоа се само налудничави идеи на поединци.

 

МЕТА