Лечењето во државните болници е “руски рулет”

од desk3
91 прегледи

„Лечењето во државните болници е руски рулет и за квалитетот на услугата многу зависи каква среќа ќе имате!“ Вака дел од лекарската фела за РСЕ ги опишува сериозните проблеми со кои во моментов се соочува здравствениот систем во Македонија, откако за само неколку дена се случија неколку смртни случаи низ болниците во Македонија: во Гевгелија почина родилка и нејзиното новороденче бидејќи ја оперирале пијани доктори, потоа во истата болница почина 14 годишно девојче кое испило таблети, а на Клиниката за гинекологија во Скопје почина трудница во петтиот месец од бременоста.

Nikola-Todorov

„Човек треба да покаже сочувство кон луѓето коишто имаат проблем со пружањето на здравствената заштита. Последните случаи во принцип, не би требало да бидат толку чести во денешно време, со оглед на тоа дека традицијата на здравствената заштита во Македонија и квалитетот на медицинските услуги, со години беше на сосема друго, поквалитетно ниво. Но, очигледно е дека последните години, особено откако со здравството менаџира актуелниот човек, тоа се наоѓа во една сериозна криза и тоа од повеќе аспекти“, вели поранешниот претседател на Лекарската комора на Македонија Владимир Борозанов.

Повеќе ТУКА