Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Фередика Могерини побара денеска на новинарите да им се обезбеди без страв да ја вршат својата работа, а тие што ги напаѓаат да бидат изведени пред правдата.

-„Нападите на новинари не се само напади врз жртви, туку и на слободата на изразување и слободата не медиумите“-порача Могерини по повод Меѓународниот ден за укинување на неказнувањето на злосторство кон новинарите.
Истражувањата покажуваат дека помалку од десет отсто од нападите на новинарите ширум светот стигнуваат до суд, а процентот на осудени сторители е уште помал, поради што 2 ноември е прогласен за ден за укинување на таквата пракса.
-„ЕУ очекува од државните власти во целост да ги почитуваат своите меѓународни обврски и ефикасно и брзи да ги истражат нападите врз новинари и да обезбедат сторителите да бидат изведени пред правдата, без разлика дали зад нив стои државен орган или поединци“-порача Могерини.