УЈП се закани: Од 15-ти присилно ќе наплатува радиодифузна такса

од desk3
122 прегледи

Управата за јавни приходи (УЈП) од 15-ти овој месец ќе почне со присилна наплата на неплатените сметки за радиодифузна такса, најавуваат од Управата.

ujp1fgdsgsdg
УЈП ги повикува граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци за присилна наплата и блокирање на нивните сметки.

– Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на радиодифузна такса, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Виза, Маестро и МастерКард безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk. Регистрацијата за е–Радиодифузна такса е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта, порачуваат од УЈП.

Управата им препорачува на граѓаните за проверка на состојбата на долговите и за проверка дека извршеното плаќање е евидентирано, да го користат електронскиот сервис е-Радиодифузна такса или со доказ за извршената уплата да се обратат во даночните канцеларии со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Повеќе корисни информации граѓаните може да добијат преку Инфо центарот на УЈП на бројот 0800 33 000.