Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Унгарија во Скопје Јозеф Бенце со кого разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и за реализацијата на преземените обврски од договорот во Пржино.
Заев, како што соопшти СДСМ, истакнал дека како партија се конструктивни и оти очекуваат секоја од страните да се потруди и во најкусо време да се спроведе договореното.
Амбасадорот Бенце изразил очекување за брзи и ефективни реформи и во областите што ги има посочено експертската група на Прибе кои се однесуваат на администрацијата, судството, медиумите и реализацијата на Охридскиот договор.
– Заеднички е констатирано дека е опасно Македонија да ја изгуби препораката за ЕУ, посебно што станува збор за мала држава, со кревка и нестабилна економија, мултиетничка држава којашто сега е соочена и со светската бегалска криза, се вели во соопштението.
Двајцата соговорници разговарале и за продлабочување на односите меѓу Македоија и Унгарија на економски план и во областите кои се од интерес за граѓаните на двете земји. /МИА
