До крајот на годината „Вистеон електроникс“ ги “собира куферите” и си заминува од државава

од desk3
88 прегледи

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, рече дека „Вистеон електроникс“ до крајот на идната година планира да заврши со производниот процес во Македонија. Во меѓувреме траат контактите со други компании кои на еден или на друг начин може да го искористат погонот на Вистеон за влез во Македонија и за проширување на нивните производства.

mizo

– Додека тие разговори не завршат, не сум во можност да давам информации зашто се од сензитивна природа, но важно е дека вработените во Вистеон со сигурност ќе бидат згрижени во таа или некоја од другите компании во Македонија, потенцира Мизо.

МИА