Експертите пронајдоа повреди од експлозија на телата на жртвите од авионската несреќа во Египет, соопштува LifeNews.ru.Над 200 фрагменти од биолошки материјал се примени во мртовечницата во Санкт Петербург. Од нив експертите успеале да “состават” околу 150 тела.Патници условно се поделени во две групи.

Во првата спаѓаат оние чии тела се откриени во реонот на паѓање на главниот дел на авионот, а во вториот -чии останки биле околу и меѓу остатоците од опашката на урнатиот Airbus . Оние кои седеле во предниот дел на авионот, се со тапи повреди во пределот на стомакот и карлицата, бројни фрактури на горните и долните екстремитети и прскање на внатрешните органи. Нивната смрт настапила како резултат на нагло прскање и губење на крв, шок и отворени черепи-мозочни трауми, покажуваат заклучоците на експертите.
Повреди на патниците од задниот дел на авионот се радикално различни. Кај голем дел од загинатите се дијагностицирани т.н. експлозивни трауми со бројни изгореници над 90% на меките ткива. Извори сугерираат дека може да експлодирале резервоарите за гориво или да експлодирала експлозивна направа. Изгорена ткива на патниците веќе се испратени за анализа. Тие ќе бидат истражени и за присуство на траги од експлозив. Експертите веќе истакнаа дека во телата на голем дел од загинатите се пронајдени честички од ситни метали.
Во меѓувреме професионалци кои работат на местото на несреќата на рускиот авион А321 на Синајскиот Полуостров, откриле елементи кои не се од конструкцијата на леталото .Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на свој извор.“Експертите откриле во реонот на несреќата елементи кои не се од конструкцијата на авионот”, потврди соговорникот. Тој додава дека во моментот не е јасно нивното потекло . Тие се испратени на итна експертиза.