Управата за јавни приходи соопшти дека земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално доколку нивниот приход од земјоделска дејност за годинава не надмине 1.300.000 денари.

– Без разлика дали земјоделството претставува ваша основна дејност или ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги, соопшти денеска УЈП.
Најдоцна до 31 јануари следната година на шалтерите на УЈП треба да се поднесат образците „УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и „ПДД-ПЗ“- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.
Ако веќе се регистрирани во УЈП и им доделен даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, треба да поднесат само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, образец „ПДД-ПЗ“