Одговорноста за спроведување на договорот од Пржино не е кај СДСМ, туку кај ВМРО-ДПМНЕ, изјави европратеникот и поранешен известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит по средбата со првиот опозиционер Зоран Заев-пренесе А1он.
Неговиот колега Џани Питела, претседавач на Групата на прогресивни социјалисти и демократи во Европскиот парламент, рече дека е подготвен лично да се вклучи како медијатор во спорот за името со Грција и да разговара со грчкиот премир, Алексис Ципрас, за можно решение.