Експлозија во моторот ја предизвикала несреќата на рускиот Ербас А321 во Египет, соопштил за египетскиот весник „Al-Masri al Jun” извор од истрагата. Според неговите зборови на таков заклучок наведуваат податоците од црните кутии.

“Причина за падот на авионот е експлозија во еден од моторите. Што ja предизвикало ќе истражи посебна техничка лабораторија, како и резултатите од истрагата на експертите на местото на несреќата, телата на жртвите и материиte пронајдени по телата и фрагментите од авионот”, рекол изворот од истражната комисија.
Истрагата засега нема податоци дали трагедијата е поврзана со терористичка активност.
“Земени се примероци од телата на патниците и остатоците од авионот за да се утврди дали во нив има експлозиви или експлозијата била предизвикана од техничка неисправност”, посочија изворите.
Тие додадоа дека нема записи од сигнали за помош од пилотите кон авиодиспечерите. Во исто време, анализата на техничките параметри покажува дека авионот паднал брзо, што може да се должи “на моќна експлозија, истовремена блокада на сите мотори, горење на делови од трупот и уништување на дел од авионот уште во воздухот”.