Форбс:Путин најмоќен човек на светот во 2015, водачот на ИСИС 57-ми

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Претседателот на Русија Владимир Путин трета година по ред е прогласен за најмоќен човек на светот. Прв пат во историјата претседателот на Америка не е меѓу двајцата највлијателни.

russian-president-vladimir-putin-getty

Зад Путин се најде германската канцеларка Ангела Меркел, а Барак Обама го зазеде третото место.

Меркел оваа година ја подобри својата позиција во однос на минатогодишното петто место, додека Обама падна едно место подолу.
Форбс оцени дека Путин „продолжува да докажува дека е еден од неколкумината луѓе на светот кои се доволно моќни да можат да прават што им е волја и да се извлечат од тоа“.

Меѓународните санкции кои се воведени во Русија ја погодија рубљата и се подлабокото ја туркаат Русија во рецесија, но нималку не му наштетија на Путин, оценува Форбс и потсети дека Путин и натаму ужива голема популарност во Русија.

Поглаварот на римокатоличката црква Папата Франциско ја задржа четвртата позиција, додека 62 годишниот претседател на Кина падна за две места за разлика од лани и сега е на петтото место.

Меѓу десетте најмоќни се и Бил Гејтс (6), Џенет Јелен (7)-директорка на американскте Федерални резерви, британскиот премиер Дејвид Камерон (8), премиерот на Индија (9) и Лари Пејџ (10) – соосновач на „Гугл“.

На листата на Форбс се најде и кандидатот на републиканците за претседател на САД Доналд Трамп кој е на 72 место.

Водачот на Исламската држава Абу Бакр ел Багдади се наоѓа на 57 место.

Најмладиот на листата е основачот на Фејсбук Марк Цукерберг (31 година) на 19 место.

Пред составување на листата на 73 најмоќни луѓе на светот се земаат во обзир износот на пари кој секој поединец го контролира, бројот на луѓе на кои влијае, сферата на влијание и начинот на кој личноста ја користи својата моќ.