Роковите пробиени ама оптимизмот за Пржино зрачи од сите страни

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Посредникот во преговорите меѓу политичките партии за спроведување на договорот од Пржино Питер Ванхауте за денеска  во 11 часот најави состанок на работната група. „Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор“, изјавил тој за телевизијата Алсат М.

dogovor

На вчерашните билатерални средби, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања, но се уште нема финален договор. Главна пречка била Законот за забрана на идно објавување на прислушувани материјали.Бомбите се разбира. И за министрит ќе има пеглање, не бива владеење без народен глас , би рекле вмровците.

Претходно лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека очекува деновиве да бидат заокружени преговорите за Договорот од Пржино. „За нас, алтернатива не постои. Ние веруваме во договорот, што сите страни го потпишаа и само целосна имплементација е излезно решение за Македонија“, рече Заев. И еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека договорот треба да се спроведе и да се одржат фер и транспарентни избори во април следната година.

Само од клучните играчи молк.ВМРО ДПМНЕ . Тие не коментираат и не велат дека откажуваат  туку дека се „посветени“ на договорот.  Меѓународната заедница притиска со своите механизми,но  најмногу со условување на препораката. Но, факт е дека договорот е веќе пробиен, роковите изместени и стратегијата  одоговлекување,  играње , пазарење трошење на времето  до изборите со датумот 24 април, и одговара само на власта и исклкучиво на премирот Груиевски. Од каде Заев и СДСМ го влечат оптимизмот е сериозно прашање!?  Колку за целта – фер борба избалансирана МРТВ, и избори различни од преходните кои не ги признаваа и велеа дека биле местени, како и судски разврски а не само покренувања обвиненија, може и се  гледа , ама баш и не се спроведува во оваа „пржинската  рамка “. Времето  кое еднаш му беше скратено за преодна влада на СДСМ,со седнувањето на масата во Пржино, и тој пакет кој компромисно беше договорен за да има договор, сега им   е скратен уште еднаш со изместување на роковите. Прашање е сега за што ќе има време да се спроведува. Хан вели дека медиумите се многу битни во приказнава, но освен веќе видени заклучоци на оваа трета спик-ап конференција  нема ништо ново, како што немаше ниту изминативе години по првата и втората конференција каде новинарите проговорија за пртисоците и експлатацијата . Но тие вчера во Брисел повторно заклучија дека нечини работава и дека мора да се менува тоа. Мора знаеме и ние,  и не се откажуваме нели.

И Ванхауте нема да се откаже, ниту Хан.  Ним  како играчи на Брисел им треба компромисен излез, и тие ќе си го сработат тоа, и ќе си го прокнижат. Ним победникот не им е важен.