Сега на ред се делата- Јанева амбициозно вели првите обвиненија пред Нова Година!

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Јанева  дури најавува дека првите обвиненија од страна на специјалното обвинителство ќе стасаат по 15 декември.Нејзиниот тим, иако не сипадна по нејзино -2 , сега е спремен за работа. Тоа се : Артан Ајро, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Лиле Стефанова се обвинителите што денеска беа доизбрани. Претходно беа избрани Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев, Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска и Фатиме Фетаи.

Со оглед дека буџетот е одобрен, а канцелариите спремни, се очекува дека Јанева ќе почне со материјалниот дел од работата веќе во рок од 7 дена.

Таа според  планот за работа првата група на обвиненија ќе стасаат меѓу 15 декември и 15 март следната година. Специјалното обвинителство ќе работи најмалку 30 тина предмети, но како што вчера  и таа и  Јаневски од советот на обвинители  посочија оваа бројка е зголемена со нови предмети, бидејќи биле пријавени и нови случаи.Сега на ред се делата.