Претседателот на Здружението на општините на Баварија, Уве Брандо, член на баварскиот Христијанска социјална унија (ЦСУ), предупредува дека Германија е на пат речиси четирикратно да го зголеми населението со исламска религија до 2020 година. Брандо смета дека оваа демографска промена со “епски димензии” ќе ја промени засекогаш Германија, а Германците само молчат и гледаат што се случува, без да реагираат

Прогнозата за драматичните демографски промени се базираат на зголемениот внес на бегалци и претпоставките дека сите 3, 5 милиони. бегалци, кои во следните неколку години ќе добијат азил, ќе доведат во Германија во просек по уште четири членови на семејството.. Оваа бројка од околу 14 милиони луѓе се додава на 5,8-те милиони муслимани, кои во моментов живеат во земјата. Тоа значи дека до 2020 година во Германија ќе живеат 20 милиони муслимани или една четвртина од германското население ќе исповеда по исламот. Брандо, кој е еден од најжестоките критичари на политиката на отворени врати на германската канцеларка Ангела Меркел смета дека високите трошоци за интеграција на бегалците ќе доведат до социјални немири кај невработените Германци. Овие бројки, кои доаѓаат од богатата и повеќето конзервативна германска покраина Баварија засега не се реалност, туку само прогноза на дел од десно ориентираната германскат јавност. Но тие најдобро ја илустрираат поделбата што се случува во земјата и може да доведе до социјални тензии.
Дури и Вице Премиер и лидер на социјалдемократите Зигмар Габриел и министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер се согласуваат дека кризата со мигрантите би можела да влијае на германската стабилност. “Не можеме бескрајно да прифаќаме и интегрираме бегалци секоја година”, пишуваат двајцата водечки германски политичари во писмо објавено во весникот. “Шпигел”.
На 21 октомври над 200 градоначалници од Западен Рајна – Вестфалија испратија писмо до канцеларот Меркел, во кое предупредуваат дека повеќе не се во можност да прифатат нови мигранти. “Сериозно сме загрижени за нашата земја и градовите и населените места кои ги претставуваме. Причина за тоа е масовното и често неконтролирано пристигнување на имигранти”, предупредија градоначалниците, кои ја информираа Меркел дека веќе се исцрпени сите ресурси за прием на бегалци. Уште полоша е ситуацијата во петте источни германски провинции, кои за време на Студената војна беа дел од Демократска Република Германија. Иако во овие региони само околу 1 отсто се странци, таму владеат најголемата непријателство кон мигрантите, особено кон оние со исламска религија. Најголемите протести против политиката на Меркел кон бегалците не случајно се одржуваат во Дрезден, каде што е седиштето на ПЕГИДА. Најголем број напади насочени кон мигрантите, се случуваат токму во овој дел на Германија.