Дел од луѓето кои учествувале во акцијата , без прецизности разузнавачи , униформираи или обични полицајци во Диво Насеље ќе бидат заштитени сведоци во судскиот процес против групата обвинета за тероризам, предлага обвинителството за организиран криминал во обвинителниот акт, објави ТВ Телма.

Телма дојде до обвинителниот акт кој е поднесен вчера во кој на 53 страници е образложено зошто се обвинети 29-мината за тероризам.
Според телевизијата, во обвинителниот акт, за првпат се открива дека имало вкупно 42 тешко повредени полицајци во акцијата, а не 37 како што официјално беше соопштено.
Според обвинителниот акт, лидери на групата се 6-мина.
Двајцата загинати Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, притворените Сами Укшини, Мухамед Красниќи- Малишева и Деме Шеху, додека последен лидер на кумановската група е Зијадин Красниќи кој е во бегство и никој не знае како успеал да избега од бојното поле во Диво Насеље. Втората точка на обвинението е нападот врз караулата Гошинце изведен на 22-ри април.
Во третата точка стои дека припадниците на групата во Македонија илегално влегле меѓу 2-ри и 8-ми мај. Биле пречекани од македонските припадници на групата. Дел од нив се засолнил во Отља, а потоа на трети мај попладне со три возила дел од нив стигнал во Куманово и се сместиле во неколку куќи на улица Перо Илиевски.
Во оваа точка стои дека имало и уште непознати лица кои биле дел од групата која илегално стигнала во Македонија, но не е прецизирано колку точно терористи недостасуваат во обвинението. На 9-ти мај во раните утрински часови отпочнала акцијата која траеше два дена.
повеќе тука