Антарктикот стекнал повеќе мраз отколкушто изгубил. Ова станува јасно од новото истражување на НАСА, соопштува CNN.Експертите од американските вселенски истражувања дошле до овој заклучок откако тим од научници ја истражувал висината на мразот на континентот по картички направени од сателитите.

Тие користеле нови методи како мерење на малите промени во димензиите на мразот кои покриваат огромни територии.Откритијата доаѓаат во остро противречност со тврдењето дека мразот на Јужниот Пол се топи поради глобалното затоплување. Всушност на континентот, чија површина е колку САД и Мексико, земени заедно, трпи различни промени.Додека во некои делови има сериозно топење на мразот, во други тие се зголемуваат. Топењето се набљудува на Антарктичкиот Полуостров и во западниот дел на континентот. Во источниот дел и внатрешноста на Антарктикот има зголемување на ледената маса. Ова зголемување е поголемо од загубите, забележани во другите делови. Значи излегува дека Антарктикот нема вина за зголемување на нивото на светскиот океан и надоместува за загубата на ледена маса во Гренланд и северната хемисфера. Научниците сметаат дека засилени врнежи пред 10 000 години станаа причина за огромните наслаги на мраз во Антарктикот.Со годините снегот се собрал и и станва мраз. Според научниците, загубата на мраз во западниот дел на континентот е загрижувачка, бидејќи со овие стапки по 20 години таа ќе биде поголема од акумулацијата. Како резултат на водниот столб може да се промени со 3 метри. Засега се смета дека топењето на мразот го крева нивото на морињата со 8%. Тоа било почувствуван при неодамнешните приливи и бранови кои удрија во крајбрежни градови како Мајами.