“Војната на верзиите” за несреќата во Египет се разгорува

од desk3
129 прегледи

Причината за запирање на авио врските меѓу Велика Британија и Шарм ел Шеик се заканувачки пораки на исламисти, кои заговарале организирањето на “голем терористички акт во регионот”, тврди британскиот весник “Дејли телеграф”. Истовремено самиот претседател на САД изјави дека е можно на одборот на паднатиот руски авион во Египет да имало бомба. Слични тврдења и самата дискусија на оваа тема го предизвикуваат гневот на Каиро и Москва, што доведува до разгарување на нешто како војна на верзиите за причините за трагичната несреќа.

ba54fdc0ad2f2a6c6b97ffe8a447113b

“Веднаш по трагедијата со рускиот авион британските специјални служби пресретнале разговори на екстремисти и токму нивната содржина станало причината поради која Дејвид Камерон одлучи да бидат откажани сите полети од и за Шарм ел Шеик”, пишува “Дејли телеграф”, повикувајќи се на свои неименувани извори. Според податоците на весникот неколку дена пред несреќата британското контраразузнавање МИ-5 и службата Центар за владини комуникации “заедно со американски колеги” решиле да ја следат размената на информации меѓу екстремистите во регионот.

“Постои веројатност да имало бомба на одборот на рускиот авион во некоја од чантите од регистрираниот багаж”, наведува “Дејли телеграф”. Како можни организатори на терористичкиот акт се посочуваат помошници на групата “Исламска држава на Синајскиот Полуостров”. Весникот истакнува по овој повод, дека во иднина Велика Британија може да воведе “дополнителни ограничувања” за летовите од и за “региони со присуство на Исламска држава”.

Вечерта на 4 ноември Лондон ги откажа сите летови на авиокомпании од египетското летувалиште до Велика Британија, како и во обратна насока. Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд појасни дека причината е значајната можност на одборот на рускиот авион сепак да имало експлозивна направа, која довела до несреќата. Сепак, се очекува уште денес авиоврските меѓу Велика Британија и Шарм ел Шеик да бидат делумно обновени.

Американскиот претседател Барак Обама изјави во интервју дека е “можно” катастрофата со рускиот патнички авион во Египет да била предизвикана од бомба на одборот на авионот, објави Ројтерс. “Мислам дека е можно на одборот да имало бомба. И ние гледаме на ова многу сериозно”, рече Обама во интервју..

“Ќе одвоиме доста време само да направиме нашите истражни и нашите разузнавачки служби да дознаат што се случило пред да дадеме некаква убедлива оценка. Но дефинитивно е можно на одборот да имало бомба”, изјави тој.
Зошто се гневат Каиро и Москва
Велика Британија се вмеша во продлабочување на дипломатска конфронтација со Русија, откако Кремљ изјави дека е шокантно британската страна да не ги сподели разузнавачките информации, кои според британски министри покажувуваат убедливо дека несреќата со рускиот авион над Синај е предизвикана од поставена бомба од “Исламска држава” , коментира британскиот весник. “Индипендент”.

Велика Британија и Русија се најдоа во конфликт поради причините за авиокатастрофата над Синај, откако Москва ги отфрли како “шпекулации” тврдењата на Лондон дека причина за трагедијата може да е бомба, истакнува во истиот дух “Фајненшл тајмс”.

Британските тврдења ги разгневија како Русија, така и Египет, чиј претседател Абдел Фатах ас Сиси е во официјална посета на Велика Британија. Русија е чувствителна кон секакви претпоставки дека ИД може да го соборила авионот како одговор на руските воздушни напади против опозициските групи во Сирија, а Египет стравува дека поврзувањето на катастрофата со тероризам може да нанесе тешки и трајни штети на египетската туристичка индустрија – клучен извор на приходи за земјата, посочува весникот.

Египетскиот претседател, кој е во посета на Лондон, изјави дека е многу лут од одлуката на британската влада да ги прекине летовите до Шарм ел Шеик, забележува францускиот “Фигаро”. Британската одлука беше донесена еднострано, без консултации со Египет, изјави египетскиот министер за надворешни работи, цитиран од весникот. Портпаролот на претседателот Ас Сиси изрази жалење дека Лондон “оди понапред од настаните, без да се чека крајот на истрагата”.

За разлика од Вашингтон и Лондон, кај Париз не владее хипотеза за причината за авиокатастрофата, но се советуваат Французите да патуваат за Шарм ел Шеик само ако е исклучително потребно, забележува “Фигаро” во друга статија под наслов “Војната на верзиите”.

Според Каиро и Москва треба да се почекаат заклучоците од истрагата, а дотогаш може да се зборува за катастрофа. САД и Велика Британија не наведуваат експлицитни докази, но Британците се доволно сигурни во нив, за да ги прекинат авиолиниите од Шарм ел Шеик до Велика Британија.

Британски и американски високи претставници зборуваат за експлозивна направа. Нешто повеќе – потпирајќи се на фатени разговори, тие сметаат дека во нападот е вмешана “Исламска држава”.
Американскиот претседател дури рече дека е можно на одборот да имало бомба, пишува “Фигаро”.
За пет дена џихадистичката организација направи три извештаи со истата порака: ИД е задоволна и горда дека предизвика авионската несреќа. “Докажете дека не сме ние и ќе ви обезбедиме детали како се урнал авионот “. Групата не даваат изјави искористувајќи од ситуацијата, бидејќи од тоа зависи довербата кон неа, забележува весникот.

За Русија тоа би бил еден од најкрвавите напади во историјата. За Египет ударот исто така е многу тежок. Ако станува збор за напад, освен што нанесуваат удар на еден симбол, џихадисти ќе пројават и голема дрскост. Шарм ел Шеик има репутација на еден од најпознатите обезбедувани места во земјата, објасни за весникот највисокиот претставник на Меѓународната кризна група и специјалист за Египет Исандер ел Амрани. Тоа значи дека ИД е навлезена во еден симбол на египетскиот режим и удриле со полна сила.

Египетските власти ја зајакнуваат безбедноста на аеродромите, истовремено уверуваат дека тоа нема никаква врска со несреќата. Тие тврдат дека аеродромот во Шарм ел Шеик е сигурен, а го сменија директорот . Напад или не, полека но сигурно, Египет изгледа се помалку безбедно место, наведува “Фигаро”.