Германската Луфтханза денес откажа 290 летови од аеродромот во Франкфурт и Дизелдорф поради штрајк на вработените.

Откажувањето на летовите, меѓу кои се и 23 долги линии, погоди 37.500 патници.
Подружницата на компанијата, како што се „Аустриан ерлајнс“, „Јуровингс“ и „Свис“, не се погодени со штрајкот.
Вработените бараат надокнада за 19.000 членови кои ќе одберат да одат во предвремена пензија. Сидникатот планира да организира штрајкови на различни аеродроми, но нема да ги прекине летовите на минхенскиот аеродром до недела, кога завршува летниот одмор во јужната покраина.