Нови податоци: Разузнавањето фатило разговори за бомба во багажниот простор на А321

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Американското и британското разузнавање фатило  разговори меѓу наводните екстремисти и барем еден меѓу владите кои покажуваат дека бомба, можеби била скриена во багажниот простор, со која беше соборен рускиот патнички авион во Египет, јави Ројтерс. Западните разузнавачки извори велат дека претпоставката за експлозивна направа нво  урнатиот “Ербас А321” се базира делумно на пресретнати  комуникации како меѓу наводните екстремисти,  и меѓу една  или повеќе влади кои се вклучени во истрагата на несреќата. Цитирајќи извори, кои посакуваат да ја  задржат анонимноста поради чувствителноста на прашањето, направена  е  забелешката дека фактите не се категорични и сеуште нема тврди форензички или научни докази во поддршка на теоријата за бомба.20151107.psybaucrwu

Хипотезата за експлозивна направа сепак е веродостојно, истакнаа тие. “Инспекторите, врз основа на информациите од црните кутии, но и на наодите на местото на несреќата и на своето искуство, даваат силна предност на тезата за атентат “, тврди друг извор, цитиран од АФП.” Хипотезата за експлозија поради техничка неисправност, пожар или друга слична причина изгледа слабо веројатна, бидејќи црните кутии би  требало да сигнализираат нешто или пилотите ќе требало да реагираат “, истакна тој.

Теоријата за експлозивна направа, со локално соучесништво, се смета  за најсериозна. Ништо уште не е докажано, но тоа е реална можност “, рече европски дипломат, откако бил информиран од западна разузнавачка агенција.” Според нив има голема шанса она што се тврди  и да е точно “, рече тој. Синајскиот група поврзана со ИД, ја презеде одговорноста за несреќата, потсетуваат агенциите.