Џорџ Сорос објави план за справување со бегалската криза на Стариот континент, кој предвидува Европската унија секоја година да донесува на своја територија барем еден милион бегалци и азиланти.Еве као Американецот Џорџ ги оправа европејците:

Планот предвидува во првите две години секој од мигрантите да добива по 15 000 евра, кои тие ќе ги користат за сместување, здравство и образование. Според Сорос бегалците треба да бидат сместени “таму каде што ќе побараат”. Во планот е запишано ЕУ да обезбеди и финансирање на помошта за бегалците во Либан, Турција и Јордан, како и да создаде економски зони во овие места, вклучувајќи и во Тунис и Мароко. Сорос смета дека на овој начин ќе бидат привлечени странски инвеститори и ќе бидат отворени работни места за бегалците.
Џорџ Сорос повикува и за создавање на посебна Агенција за мигрантите во ЕУ, бидејќи досегашните институции не функционираат и не се ефикасни. За да се стави крај на паниката кај оваа криза Сорос предлага да бидат создадени специјални канали за барателите на азил од Грција и Италија до нивната крајна дестинација.
Во петтата точка од неговиот план пишува ЕУ да создаде оперативни и финансиски договори за почитување на светските стандарди за бегалците. Во последната точка од планот на Сорос пишува дека ЕУ треба во наредните години да прифаќа барем по еден милион мигранти секоја година и во оваа работа треба да вклучат невладините организации, црквата и бизнисмени како спонзори.