Аха… Метастазиран атеист

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Данок за живот, данок во живот, данок на непослушните и поетична држава без мимезис. Барајќи ја разликата во сите сврзници едно е заедничко, катилот. Ете, „залутај“ како во „A serious man“ на големите Коенови. Ако ти речат лажи, ќе ја прелажеш ли сопствената мајка, ако ти кажат креветот е потопол од оној на жена ти, ќе се истрчаш ли да разбудиш „вештерска магија“, ќе убиеш ли во име на оној во кој материјално веруваш? Ќе се разбудиш ли еден ден како кафканијански карактер и посакаш да ја украдеш преобразбата на Самса?

gregor_samsa_by_krakremija

Ама ти имаш одговор, ти ќе се повикаш на атеизмот. Ти си македонски атеист, прв во светот, уникатен од таков вид. Атеист без етички код – ете нова форма за верување. Побуна под заблудата, врисок на беспомошен човек, војник без стрела.

На крај едно останува, да се истуриме од повраќаници. Ама една групна, национална повраќаница, така како во „недозволено“  сценаро за филм, каде Македонија е поинаква, ете може и полоша, смрдлива но реална. Она што македонскиот желудник со години го варел на едно место да се истури. А има ли подобро место од плоштад.  Македонците на еден плоштад, најнародното место, „јавен простор“, место кое ни припаѓа.

Во еден таков акт, да ја држиш главата на оној до тебе, да го утешиш, па истата подршка да ја добиеш. Тоа се граѓани, тоа е држава. Кога воздухот ја сече најодвратната миризба,  да не се откажеш.

Да ни се смачи, да ни се соочи, па од некаде да почне некоја вистина.

Кога низ големите стихови на Матеја Матески, срочени, прочистени, визионерски, да те зашамари  вистината, тогаш ќе се запрашаш за сопственото битствување. Аман за аман, ама Македонија има големи луѓе, тие се од едно друго време и за жал сведоци на сегашноста.

Овој „Залез“ е залезот преку поезисот  на Матески, зар не ни е срам? Еве, од големите стихови за  да не се трошат зборови, еве, ова се луѓето на Македонија, таква треба да биде:

„ Ова е веќе миг кога е ожнеано житото

кога не чади оџакот кога не татни патот

Човекот лежи под снагата на сонцето

разложуван во ништо од неговата сенка“.

 

Вероника Камчевска

Фото: Deviantart