Улицата муја поддаде топката на претседателот Јоханис. Сега тој мора да ја преземе и со пресметан удар да постигне гол во вистинската врата. Ако не го погоди, ќе биде фатално – за него самиот и за Романците, пишува DW.

Нешто невидено во Букурешт: на четвртиот ден од протестите во романската престолнина претседателот Клаус Јоханис се сретна со претставници на граѓанското општество. По првите разговори со политичките партии претседателот конечно сака да го слушне и гласот на народот. Изгледа дека огнениот пекол од 30 октомври со 32 загинати и над 100 повредени тешка разбуди романското општество. По неславната оставка на премиерот Виктор Понта претседателот Јоханис бара начини за составување на опреодна влада, но веќе само со согледува како безнадежно се корумпирани политички партии.
Клаус Јоханис емитуваше и уште еден сигнал: тој сака да разговара со демонстрантите од улица, заедно со народот да го отвори патот за еден нов вид политика – како и што беше ветил по изненадната победа на претседателските избори. Некои од неговите гласачи дури сметаат дека чекал премногу долго. Тие сакаа тој да ги укине старите структури многу побрзо.
Не и преку преврат
Всушност сепак работите се многу посложени и Јоханис го знае тоа многу добро. Сега треба да го разберат и демонстрантите. По 26 години корупција и непотизам, посткомунистичките елити не можат да бидат сменети преку преврат. Овие структури во партиите и парламентот вешто ја блокираат секоја реформа која би можела да ги загрози. Демонстрантите протестираат под мотото “Корупцијата убива!”. Тие инсистираат на укинување на привилегиите кои политичката класа ги извојува во типичен мафијашки стил. Тие сакаат во новата влада да влезат беспрекорни министри кои не се гонети од законот, не ги менувале партиите, како што се менува кошула и кои не биле поврзани со комунистичката тајна служба Секуритате.
Демонстрантите сигурно знаат дека одлуката нема да дојде директно од улица. Но, овие млади луѓе претставуваат огромна сила, која стана сериозна закана за најкорумпираниот систем. Компромитираните партии сакаат да заработат време и се надеваат дека илјадниците незадоволни луѓе по улиците на Букурешт и другите поголеми градови наскоро ќе се уморат. Во минатото оваа тактика често носела успех. Овој пат сепак изгледа дека нивните сметки нема да излезат така како што планираат. Секоја вечер младите луѓе излегуваат на улица и уверуваат дека нема да се откажат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Право само на еден удар
Сега претседателот Клаус Јоханис не смее да ги разочара своите гласачи. Тој има можност да состави стабилна влада од технократи и беспрекорни експерти. Влада, која ќе ја извади земјата од мочуриштето на старите и корумпирани структури. Претседателот не смее да го трпи тоа, одредени луѓе во власта да се збогатуваат на сметка на општеството под заштита на пратеничкиот имунитет. На оваа пракса треба да биде ставен крај.
Улицата му ја додаде топката на претседателот. Сега тој мора да ја преземе и со пресметан удар да постигне гол во вратата на противничкиот тим. Ако не го погоди, тоа ќе биде фатално. Како за него, така и за Романија.