Јапонија ја има славата на држава, опседната од роботи и технолошки напредок. Нацијата е на првите места по производство на иновативни производи. Сликата во многу од канцелариите во земјата сепак е сосема поинаква, раскажува Мајкл Фицпатрик, новинар на БиБиСи.
Јапонија е земја во која сеуште луѓето ја вршат работата на семафорите, а користењето на софтвер стар 10 и повеќе години е во редот на нештата за многу од големите компании. Во продавниците за канцелариска опрема може да најдете дури касети и факс машини. Дури технолошки гиганти како “Сони”, одговорни за голем број на иновации, се уште користат факс.
“Генерално јапонските компании заостануваат помеѓу 5 и 10 години со примена на најновите технологии во своите канцеларии во споредба со странските фирми”, раскажува Патрик Мекензи, директор на софтверската компанија Starfighter, која оперира во Токио и Чикаго.
Со оглед дека Јапонија е земја која го создала првиот систем за безконтактни плаќања, возот-стрела и вокменот, овој факт буди љубопитност. Во Земјата на изгрејсонцето може да купувате стоки преку смартфонот, но речиси никој тука нема електронски паричник. Истото важи и за користењето на Skype во канцеларија или на други широко распространети во останатите држави услуги за чување на датотеки, како Dropbox пример.
Сепак Јапонија може да се пофали со една од најдобрите интернет мрежи во светот.
Напишани на рака факс пораки
Според Јоџи Отокозава, директор на фирмата за IT консултации Interarrows со седиште во Токио , корпоративна Јапонија не е првак во користењето на дигиталната технологија, бидејќи мотор на третата по големина економија во светот не се мултинационалните компании, туку малите и средни бизниси (99,7% од сите 4.2 милиони бизниси во државата). Обично овој род компании се, благо речено, конзервативни, објаснува Отокозава.
“Тие често преферираат обична пошта или факс за бизнис комуникација. Понекогаш добиваме факс пораки напишани на рака, што значи дека овие фирми не користат дури софтвер за обработка на текст како Word.”
Бирократија
Дури и некои од светски познатите гиганти на Јапонија доста заостануваат на технолошки поглед. Тешко е сепак да се најде човек подготвен да зборува за овој феномен во земја каде што лојалноста кон работодавачот е норма на однесување.
“Со текот на времето се помируваат дека компанија која се гордее дека е лидер во светот на технологијата, ги тера вработените да користат електронска пошта, која изгледа така, што сеедно е направена во 1997 година”, објаснува на Twitter анонимен вработен на познат јапонски hi-tech гигант.

“За испраќање на пораки и внатрешна комуникација ја користевме услугата Cyboz која е единствено базирана на текст. Серверите ни имаат многу мала меморија, така што секој месец се наметнува потребата да бришеме стари пораки”, додава истиот службеник за ББС.
Менаџерите поттикнуваат и испраќање на информации зачувани на дискови, по обична пошта заедно со формуларите за пополнување на рака. Предлози за користење на услуги како Dropbox најчесто се отфрлаат.
“Застрашувачки конзервативни”
“Ако овој поглед всушност е толку широко распространет, тоа би ја објаснило кризата со продуктивноста на јапонските компании”, објаснува Рошел Коп, основач на Japan Intercultural Consulting – меѓународна фирма за обука и консултантски услуги со фокусна бизнис круговите во Јапонија.
Коп раскажува: “Компаниите во САД се со многу поголема продуктивност, бидејќи вработените имаат пристап до најдобрите технологии во светот. САД се технолошки лидер (…) IT одделенијата во јапонските компании се застрашувачки конзервативни и идејата да се поврзат компјутерите со надворешниот свет воопшто не им се манир. Тие се плашат од кражба на податоци и хакерски напади. ”
Луѓе, а не роботи
Така, се чини дека и покрај имиџот на хај-тек нација голем дел од корпоративниот сектор во Јапонија преферира да користи луѓе, а не машини, кога тоа е можно. На крајот сите овие факсови не можат да се испратат сами. Овој пристап може и да помага за одржување на ниски нивоа на невработеноста – едвај 3,4%, но пречи за зголемувањето на продуктивноста и не охрабрува претприемачкиот дух.
Имплементирање на вештачката интелигенција и роботи во светот, чија економија се повеќе ќе се потпира на технологијата, едвај ќе биде подложен од ваквиот третман. Но корпоративна Јапонија очигледно смета дека вреди да се доживее.


