Фокус: Ндрецај и Ризај уапсени, па ликвидирани!

од desk3
80 прегледи

Семејствата на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај тврдат дека двајцата водачи на вооружената група во Куманово се подоцна ликвидирани за да се прикрие сценариото за викенд-војната, според кое за пет милиони евра, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции без жртви, за да го свртат вниманието на јавноста од „бомбите“-пишува Фокус.

Naslovna-1048

Семејствата ги препознале своите роднини од видео материјалот на МВР и тврдат дека Ндрецај и Ризај, но и Арбен Реџај и Самид Кастриоти и се предале на полицијата, а дури потоа биле егзекутирани.

Според Фокус семејствата тврдат дека нивните роднини биле егзекутирани за да се прикрие сценариото за кумановската војна, кое им било познато на македонски и косовски функционери, а според кое за пет милиони евра, пари од кои дел им се исплатени на водачите на групата, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции во Македонија за да го свртат вниманието на јавноста од т.н. бомби на опозицијата.