Ограбено возило, фатени штипски ајдуци, фатени наркомани на дело…

од desk3
84 прегледи

На 08.11.2015 година, во Скопје на бул.„Киро Глигоров“непознат сторител со кршење на стакло од врата на ПМВ„БМВ“ со словенечки регистерски ознаки извршил тешка кражба при што одзел торба во која имало лични и службени документи, еден пиштол кој го поседувал со дозвола и еден клуч од возило. по што го напуштил местото на настанот.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

policija1

СВР Штип во текот на месец ноември по претходно преземени мерки и активности откри сторители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ извршени на подрачјето на СВР Штип и против истите поради постоење основи на сомнение дека се извршители на кривичните дела поднесе кривични пријави. Имено расветлено е кривичното дело „кражба“ извршено од пријавениот И.Р.(21) од Штип кој на 21.10.2015 година околу 18 часот користејќи згодна прилика од незаклучена службена просторија на КБ Штип одзел лап топ компјутер, со што причинил материјална штета од 13.000 денари. Од страна на СВР Штип расветлено е и кривично дело „тешка кражба“ извршено во временскиот период од 20.05. до 05.06.2015 година. Исто така пријавените А.З.(39) и Б.Д.(27) двајцата од Штип во наведениот временски период од стан на ул.Партизанска во Штип со намера да се стекнат со противправна имотна корист со употреба на сила и подесен алат скршиле стакло на еден од прозорците од балконската тераса и со прекачување влегле во станот, извршиле пребарување и одзеле ЛЦД телевизор, камера, фотоапарат,блендер, миксер, парфеми и неколку шишиња алкохол, причинувајќи материјална штета од 33.800 денари. На 30.10.2015 година пријавениот В.С.(43) од с.Дорфулија, општина Лозово со намера да се стекне со противправна имотна корист со употреба на подесен предмет и сила делувал на влезната дрвена врата на подрумската просторија од куќа во с.Дорфулија, сопственост на негов роднина влегол внатре и противправно одзел 94 литри ракија, причинувајќи штета од 14.000 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(49) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување и употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.04.2015 година, во Тетово од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде биле затекнати лицата А.Н.(44), Х.З.(42) и Б.Р.(42) од с.Доброште, како истите користат наркотична дрога хероин.

СВР-Струмица поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„кражба на електрична енергија“. Имено на 10.09.2015 година при вршење редовни активности од страна на вработени во ЕВН Македонија-КЕЦ Струмица односно при вршење редовна техничка контрола во куќата на пријавената констатирале дека истата неовластено користи електрична енергија на тој начин што потрошувачот вградил мерна опрема кој не е одобрена-вградена од ЕВН-Македонија при што е причинета материјална штета од 12.760 денари.