ДС бара заштита на лекарите и медицинскиот персонал

од desk3
85 прегледи

Демократскиот сојуз најостро го осудува денешниот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, каде со огнено оружје беше тешко повреден доктор.

????????????????????????????????????

Овој настан како и многу други случаи на насилничко и агресивно однесување спрема докторите и медицинските сестри, е резултат и на долгогодишната хајка која се води против докторите и медицинскиот персонал во целина.

Ниските плати, незаштитеноста на докторите како и другите системски проблеми во здравството, придонесоа голем број на врвни специјалисти да го напуштат јавното здравство и да заминат во странство или во приватниот здравствен сектор.

Демократскиот сојуз бара најенергични мерки против сторителите на вакви насилства и донесување по итна постапка на Закон за заштита на докторите и медицинскиот персонал