Масимо Далема: НЕ, на Европа не и се заканува исламот туку тероризмот!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Младите луѓе во Европа, а и сите европски граѓани имаат една идеја за ЕУ, која е погрешна- очекувањата се премногу големи за улогата на Унијата за економски раст и просперитет, изјави  поранешниот италијански премиер Масимо Далема кој признава дека  ЕУ не ја предвидела бегалската криза и беше неподготвена за неа.

20151110.eigdlknath

Тој посочи дека кризата од 2009 година досега е причина луѓето да доживеат некое разочарување од активностите на политичарите, а денешната криза со бегалците фрлаат дополнително масло на огнот.

“Да се вратиме назад кон национализмот мсепак ќе е голема грешка, напротив, треба да се стремиме кон заеднички активности и само така ќе можеме да ги решиме нивните проблеми “, смета екс премиерот на Италија. Според него, во Европа и сега живеат 35 милиони луѓе, а тоа е само 7% од населението на Европската унија и голем дел од нив се добри граѓани. “Исламот не е опасност за нас во овој момент”, смета Масимо Далема. Тој рече дека проблемот сега е да се води борба против тероризмот и мафијата, а не со исламот. Италијанскиот политичар призна дека во моментов има сериозни проблеми пред ЕУ поврзани со дестабилизација на Блискиот Исток, за што вината ја  имаат Брисел и Вашингтон. “При војна населението бара безбедност, овие луѓе имаат право да добијат заштита и затоа бегаат, но ние во Европа не бевме подготвени за тоа, не го предвидовме  “, призна тој. Масимо Далема не смета дека за богата Европа ќе е проблем да се сместат 2 милиони бегалци, откако други, мали и доста сиромашни земји како Либан го прават тоа за речиси ист број бегалци.