Препораката за преговори за членство на Македонија со ЕУ има, ама по изборите

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Препораката за почеток на преговори за членство во Европската Унија за Македонија останува, но таа е условена со примена на договорот од Пржино, соопшти денеска во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент Kомесарот за проширување Јоханес Хан.хан

Македонијаќе има препорака за старт на преговори за членство со Европската унија кога ќе се примени договорот од Пржино. Таа е условена со примена на договорот од Пржино и напредок во итните реформи а се највува и нов извештај по изборите во 2016 година. Ова денес го изјави комесарот за проширување Јоханес Хан во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент.

– Во јули се постигна политички договор, каде посредуваа европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан и тоа на најдобар начин донесе решение на политичката криза. Политичките лидери во земјата мора да се свесни кои се приоритетите за итни за реформи. Потребно е да се доврши и реформа на Охридскиот договор, а дополнителни мерки за доверба се потребни меѓу етничките заедници, додаде Хан.

Седницата пред АФЕТ на Европарламентот се уште трае со прашања и настап на европратениците, а комесарот Хан во 12:30 часот на прес-конференција во Европската комисија исто така јавно е ги претстави извештаите за прогресот во евроинтеграциите на земјите од процесот на пристапување. .

Примената на договорот од Пржино ќе биде разгледана по изборите. Според Хан меѓу етничките односи се и натаму кршливи поради што се потребни мерки за доверба.

Во погед на  стратегијата на проширувањето за наредниот период, Хан објасни дека оваа година има промени во оценките и извештаите. Пред се стратегијата ќе покрива период од 4 година а не една како што досега беше случај.

Според Хан, ставен е акцент на нивото на подготвеност за членство што само по себе  стануваа јасен водич за земјите, како за владите туку и за граѓаните кои преку оваа нова верзија на извештаите ќе можат полесно да видат и да следат на кое ниво е земјата. Се следи и клучно во оценувањето се  реформи како во судството, борбата против организираниот криминал и корупцијата така  и почитувањето на човековите права, слободата на медиумите и борбата против дискриминацијата и секако  економскиот развој

Слични содржини