– Најдобрите оценки можат да ги даде народот кој секојдневно се соочува со животот во Македонија, а оценката ќе ја даде на изборите во април, истакна премиерот Груевски. откако претставникот на Брисел, евроамбасадорот Аиво Орав му го врачи извештајот за Македонија за напредокот на Македонија за 2015 година, што е средна оценка 2, со многу назадувања во клучите ресори као што се судството и медиумите
Тој потенцира дека Македонија седум години по ред добива препораки за почнување на преговорите, што значи дека позитивните работи ги препознале
– Извештајот содржи позитивни забелешки и вреднувања. Бележи и области каде има недоволен напредок односно има и критики, но фактот што постои препорака значи дека позитивните моменти превагнале во оценката на ЕК во поглед на исполнување на критериумите. Ние заедно со сите релевантни субјекти ќе работиме на надминување на предизвиците и критиките и подобрување онаму каде што е тоа реално и потребно, нагласи премиерот Груевски.
Тој посочи дека Македонија останува посветена на спроведување на политичкиот договор и клучните реформски приоритети со цел да се обезбедат доволно аргументи земјите-членки да ја донесат одлуката за почеток на пристапните преговори.
– Се надевам дека по исполнувањето на критериумите после изборите во 2016 година нема да сме подложени на нови пречки и услови за недобивање на датум за преговори. Статус кво ситуацијата во контекс на евроатлантските интегративни процеси е лоша за државата и одбегнување или пренасочување на одговорноста од кого било сите ќе ја гледаат како соучесништво во неуспехот. Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кои ќе биде заслужена верификација на се она што досега е направено и што ќе се направи. На нашиот народ му е јасно се и нема никаква потреба од дополнителни објаснувања за се она што се случува, подвлече премиерот Груевски.
Во овогодинешниот извештај констатирано е подобрување во економијата, , а меѓу областите во кој е забележано назадување се човекови права, судство и слободата на медиумите.
Токму поради тоа евроамбасадорот Орав истакна дека најважно е ова е условена препорака и ЕК повторно ќе ја разгледа по изборите, но развојот на настантие зависи од вас, рече Орав.
Тој потенцира дека овој извештај дава можности да се види како да се постапува понатаму, а тоа значи, рече, целосна имплементација на договорот од јуни и јули, подготвување на фер избори и нивно спроведување, како и целосна имплементација на идните реформски приоритети во сферата на слободата на изразување, владење на правото и реформи на јавната администрација.
Запрашан за Извештајот, евроамбасадорот Орав потенцира дека овогодинешниот неможе да се спореди со претходните извештаи бидејќи ЕК применила нова методологија, но целта е ЕК да им помогне на сите земји кандидати.
– Доколку имам добар пријател тој не треба да ми кажува колку сум добар туку каде не постапувам како што треба, а тоа го прави и ЕК. Ве молам искористете ги критиките колку што е можно попозитивно, спроведете ги препораките и ќе видите дека чуда се можни, порача евроамбасадорот Орав.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Извештајот за напредокот на земјата за 2015 претходно им го врачи и на претседателот на државата Ѓорге Иванов и на претседателот на Парламентот, Трајко Вељаноски.