Нема да се пазариме и да ги разменуваме бараните од Вартоломеј I мошти, објави Бојко Борисов

Бугарија категорично е против пазар со Грција за коските на цар Самуил, откри премиерот Бојко Борисов. Тој одби средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, и не се согласувам со тие тврдења да враќаме црковни реликвии, пишува “Стандард”.“Вартоломеј одамна ги сака овие светињи. Тие навистина се уникатни, многу вредни и Бугарија во никој случај не треба да се дели со нив . Моето одбивање на Вселенскиот патријарх го добил уште во мојот прв мандат како премиер. Оттогаш сепак по различни канали се обидува да ме нападне. Нешто повеќе – Грција се обидува да ги изтргува овие вредности за коските и плаштаницата на Самуил “, објасни премиерот. Тоа сеедно е договор “коњ за кокошка”, коментира и шефот на НМИ проф. Божидар Димитров. Според него предметните мошти се спасени од бугарската армија во населената од Бугари Северна Грција.
Срамно и скандалозно е однесувањето кое во текот на посетата на Бугарија го покажал вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој со тоа ги погази принципите на Православната црква и сака да стане православен папа, оцени вчера за „Дневник“ Пламен Павлов, професор по историја на познатиот Великотрновски универзитет. Реакцијата доаѓа по барањата кои на бугарските државни и црковни власти им ги поставил цариградскиот патријарх, кое е поврзано за враќањето на одземените реликвии од манастирите во Егејска Македонија, за отстранувањето на споменикот на првиот бугарски егзарх Антим од турскиот град Едрене, а двајца бугарски епископи, одрински и трајанополски, да не користат исти титули како нивните колеги од Вселенската патријаршија.
Бугарите се обвинети за црковен национализам – Тој треба категорично да се извини за грубите напади и за тоа што се вмеша во внатрешните работи на државата. Ова не враќа кон времињата на грчко-бугарските црковни расправии и кон расколот за кој главната вина е на грчката страна. Не може тој на нашиот патријарх да му се обраќа со Ваше блаженство наместо со Ваша светост. Не може тој да се однесува како православен папа. Неговата црква се нарекува Kонстантинополска, но само почесно се нарекува Вселенска. На ист начин вселенска црква е и бугарската – потенцира овој професор. Тој им порача на бугарските политичари и медиуми да не го третираат патријархот Вартоломеј како глава на Вселенската православна црква оти таа е соборна и составена од сите владици, а тој има само почесно место“.