Ердоган отворено им се закани на сириските Курди

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Анкара нема да дозволи единиците на сириските Курди да допрат до западниот брег на реката Еуфрат, предупреди турскиот претседател Реџеп Ердоган. “Никој не може  да помине на запад од Еуфрат, нашата позиција по ова прашање е многу убедлива”, отсече шефот на државата.

ердоСпоред него неодамна сириските Курди направиле  обид да преминат “, но им бил даден достоен одговор. Отсега нашата чувствителност по прашањето ќе се манифестира на друг начин. И мојот народ, и целиот свет треба да го знаат ова “, рече Ердоган пред новинарите. Во моментов Курдите во Сирија и Ирак водат војна со групата “Исламска држава”. Во Ирак тие периодично добиваат воена помош од САД и нивните сојузници, како и од Русија, но по барање на Багдад. Во Турција живеат неколку милиони Курди и Анкара смета дека Партијата на демократскиот сојуз, која е на сириските Курди, е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), која турските власти ја сметаат за терористичка. ПКК се откажа од примирјето со турската држава и го продолжи воениот конфликт со неа. Од своето основање таа моли за независност или барем за поширока автономија на турските Курди. / РИА “Новости”