Агенцијата за цивилно воздухопловство го испита случајот со пиштолот на Сашо Мијалков и како тој успеал да помине покрај обезбедувањето и рентген апаратите на аеродромот во Скопје. Извори за Фокус потврдуваат дека парично се казнети правното лице во случајов ТАВ, одговорни лица од врвот на компанијата, како и неколкумина пониско вработени. Претпоставките се дека тоа се лицата кои биле на смена и го направиле пропустот.
Во обид да ја потврдиме информацијата зборувавме со директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреовски. Тој потврди дека истрагата за случајот е завршена и дека казните се определени според закон кој предвидува парични казни за вакви грешки. Од нејасни причини не сакаше да изнесе конкретни податоци кој точно е казнет, колкави се изречените казни и колкумина се опфатени со казната.
-Не е професионално да давам имиња на казнети и да кажувам кој колку е казнет. Имате закони за воздухопловство и таму има колкави се казните, рече Јандреовски.
Точно е дека во законот се напишани казните, но таму не може да се прочита кој е казнет, за која грешка и со колкава казна, оти казните се со сума која може да варира, и се движи од неколку стотици до неколку илјади евра.
Повеќе ТУКА
