Десетици илјади Полјаци скандираат: Стоп за исламизацијата!

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Неколку десетици илјади Полјаци учествуваа во националниот протестен марш во центарот на Варшава, кој мина под мотото “Полска за Полјаците и Полјаците за Полска”. Учесниците во маршот скандираа против “исламизацијата на Европа”.

4503097

“Марш за патриотизмот” беше организиран од десничарски и националистички партии по повод Денот на независноста на Полска. Во него учествуваа претежно млади луѓе, но имаше и многу семејства. Учесниците поминаа пеш над 4 км. и постојано извикуваа “Вечна слава на нашите херои”, “Бог, чест и достоинство”, “Голема католичка Полска”, “Стоп на исламизацијата”.

4503098

Меѓу мноштвото имаше и огромен транспарент на кој пишуваше “EU Macht Frei, Konzentrationslager Europa” – “ЕУ прави концентрационен логор Европа”, кој потсети за натписот во концентрациониот логор од Втората светска војна во Аушвиц “Arbeit Macht Frei” – “Трудот те прави слободна “. Дел од демонстрантите извикуваа: Вчера Москва, а денес Брисел ни одзема слободата! Од полицијата велат дека во маршот учествувале над 25 000 лица, а организаторите велат дека во него учествувале над 50 000 луѓе.