Обвинителство: По барањето на Јанева се постапува, податоците ќе бидат доставени во најкраток можен рок

од desk3
86 прегледи

Во Јавното обвинителство на Република Македонија вчера во попладневните часови, пристигнa барање од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства, а кои се однесуваат на гореспомнатите кривични дела.

Marko_Zvrlevski_520x346_820783476

Бараната статистика се однесува на бројот на оформени предмети, назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите и броеви под кои се заведени предметите.

По барањето се постапува, по што бараните податоци ќе бидат доставени во најкраток можен рок.

 

Интегрален текст од соопштение на ЈОРМ