Против Ѓукановиќ или против НАТО- како против “последниот политичар од советската ера”!?

од desk3
73 прегледи

Протестите против владата во Црна Гора не стивнуваат. Тие се насочени против еден премиер, кој е на власт од веќе 24 години, но исто така и против влезот на земјата во НАТО.

0,,18846579_303,00

Последните зраци на есенското сонце меко ја огрејуваат бронзената статуа на црногорскиот крал Никола I. Скулптурата на популарниот владетел, кој во 19 век ја брани независноста на земјата против Османлиите и склучува близок сојуз со Русија, се наоѓа во непосредна близина на споменикот на рускиот национален поет Александар Пушкин . Едвај можеше да се избере подобро место за протестите на црногорската опозиција – меѓу Никола I и Пушкин – со недели се издигаа шатори на демонстрантите, кои кон крајот на октомври влегоа и во директен судир со полицијата, разбиени со неочекувана цврстина .
Националистички вкус
Но што се случува, всушност? Одговорот на ова прашање често зависи од соговорникот. Организаторите на протестот тврдат дека станува збор за народен бунт против четвртвековното управување на Мило Ѓукановиќ, против сиромаштијата и корупцијата, додека владата повторува дека протестите биле режирани од Србија и Русија и насочени против претстојното пристапување на Црна Гора во НАТО. Во секој случај е јасно дека малата јадранска држава со население од едвај 600.000 лица, е длабоко поделена – на симпатизери и поддржувачи на владејачката Демократска партија на социјалистите, на гласни Црногорци и на Срби, на приврзаници и противници на членството во НАТО.

0,,18790246_404,00

Ситуацијата е премногу сложена, тврди Еден Коленовиќ, млад активист на невладина организација. “Првично незадоволството се хранеше од тешката економска и социјална состојба во земјата. Постепено сепак почнаа да се појавуваат се повеќе српски знамиња, националистички симболи и песни во оние средини кои уште не успеале да се помират со отцепувањето на Црна Гора од Србија пред 9 години. Тоа го протера поголемиот дел од демонстрантите граѓани – и најчесто оние кои не се согласуваат со сличен националистички контекст “, вели Коленовиќ.
Токму оваа симболика сепак се вклопува добро на партијата Нова српска демократија, чиј пратеник Славен Радуновиќ е обвинет дека упатувал апели за “насилно уривање на сегашниот уставен поредок” во земјата.Тој самиот пак е убеден дека властите едноставно сакаат да ги заплашат луѓето и да ги предомислат од понатамошни протести.
“Другари на Хонекер”

Најголемата просрпска партија во Црна Гора е принудена да изврши комплексна шпага – од една страна таа е најжесток противник на влезот на земјата во НАТО и смета дека ги штити интересите на речиси една третина од населението, кои се дефинирани како етнички Срби и со традиција се поставени русофилски. Од друга страна, сепак партијата е принудена да соработува во рамките на т.н. Демократски фронт и со другите опозициски партии, кои не се така негативно настроени кон НАТО. Според Радуновиќ сепак тоа не е проблем: “Приоритет е Ѓукановиќ да биде соборен од власт. Тој е пречка за секакви понатамошни реформи “.

Актуелниот премиер управува од 1991 година – и на неколку пати веќе ги менува политичките сфаќања до непрепознатливи. Тој влезе во власта како комунист, потоа стана националист, а сега се презентира за приврзаник на ЕУ и НАТО. Затоа Радуновиќ подбивно го нарекува “последниот политичар од советската ера” и “другарот на Ерих Хонекер”. Ѓукановиќ останува незаменлив, независно од сите критики против него – без разлика дали го обвинуваат за соучество во манипулација на избори или за шверц на цигари и непотизам.
Она што навистина ја донесува опозицијата до очај, е фактот дека Ѓукановиќ, кој на избори секогаш победува со мнозинството гласови и потоа составува коалиции, е едвај на 53 години. “Тој би можел уште долго, долго да управува”, вели Драшко Ѓурановиќ, главен уредник на дневниот весник “Побједа”.

Иако многу Црногорци живеат во сиромаштија, а Ѓукановиќ држи голем број корумпирани луѓе околу себе, опозицијата и сама е виновна за неменливоста на премиерот. “Граѓаните не можат да видат искрен политички ангажман меѓу опозиционерите, а и како да го видат, откако партиите кои се против независноста на Црна Гора нагло се здружија со такви кои се” за “оваа независност”, вели Ѓурановиќ.

Под заштита на НАТО

Расположението во Подгорица сега се уште вжарено поради тоа што се наближува прием на земјата во НАТО. Се смета за сигурно дека уште во почетокот на декември малата јадранска държавица ќе добие “зелено светло” за влез во Алијансата. Но од она што ќе го брани НАТО? Според Ѓурановиќ, прашањето не треба да се толкува така буквално. Тој тврди дека Северноатланскиот пакт е политички гарант за правни реформи. “Иако нема директна закана за нашата земја, од гледна точка на политиката за безбедност би било мудро да се наоѓаме под заштита на една моќна организација”, вели тој.
Славен Радуновиќ е меѓу луѓето кои жестоко се противат на слична позиција. Тој признава дека неговото мислење делумно е под влијание и од емоции – пример од споменот за бомбардирањето на НАТО врз Србија и Црна Гора за време на војната во Косово во 1999 година, кога загинаа стотици цивили. Сепак политичарот се обидува да аргументира и на друг начин: “За мали држави како што е Црна Гора е важно да бидат неутрални, вклучувајќи и од економска гледна точка. Без неутралност ќе ги изгубиме и инвестициите на другата страна “, вели тој. Под другата страна се подразбира Русија, која е крајно критична настроена кон проширувањето на НАТО меѓу балканските држави. Сепак Радуновиќ тврди дека протестните демонстрации против владата немале никаква поддршка од страна на Москва – “ниту политичка, ниту морална или финансиска”.

Во недела (15.11.) Протестите ќе влезат во нова фаза: Демократскиот фронт има намера да изгради човечки синџир околу владината зграда и така симболично да инсистира на нова преодна влада и “навистина демократски избори”.

Премиерот Ѓукановиќ сепак воопшто нема намера да оди на предвремени избори. Затоа опозицијата очигледно ќе мора да почека до редовните избори во идната есен. А дотогаш Црна Гора веројатно веќе ќе е член на НАТО.