Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за денеска – 14 ноември 2015 година, сабота, свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија во проширен состав, по терористичките напади во Париз.
Советот за безбедност ќе заседава во состав:
- Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија,
- Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија,
- Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија,
- Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија,
- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Македонија,
- Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија,
- Вели Креци, член на СБ,
- Фљора Кадриу, член на СБ,
- Насер Сејдини, член на СБ.
Претседателот Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и Раководителот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Никола Тодоров, директорот на Центарот за управување со кризи и Раководителот на Групата за процена, Сузана Салиу, заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков, Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Генерал потполковник Методија Величковски, Директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андоновски, директорот на Бирото за јавна безбдност Горанчо Савовски, Раководител на сектор во Службата за воена безбедност и разузнавање Фердинанд Оџаков и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија, Емил Димитриев.