До тука не ми побарале дури да ја чанта за проверка. Некои луѓе си набавуваат лажни сириски пасоши за да поминат на тој пат

Сирискиот новинар Уасим кој чека во приемен логор во Славонски Брод во Хрватска, за да го продолжи патот кон Европа направи изненадувачки откритија за начинот на кој поминал неколку држави.
“Воопшто не сум изненаден од фактот дека може да има џихадисти меѓу мигрантите. Исламска држава е насекаде. Проблемот е што нема никаква контрола”, рече Уасим и продолжи: Од Грција до тука – Славонски Брод во Хрватска, ниту еднаш не ми побараа документи. На ниту едно место. “Досега не ми побарале дури да ја отворам чантата за проверка. Некои луѓе си набавија лажни сириски пасоши за да поминат на тој пат и грчките власти воопшто не ги откриваат”, рече уште Уасим.
Потсетуваме дека во текот на месец септември холандскиот новинар Харалд Доорнбос докажа дека без никакви проблеми секој може да се снабди со лажен сириски пасош за околу 750 евра. Откако ќе пристигнете во Грција, мигрантите без да бидат регистрирани веднаш се испраќаат организирано од грчките власти со возови и автобуси до македонскиот пограничен град Гевгелија. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов , за БГНЕС во Париз, признал дека од Грција властите во Скопје не добиваат никаква информација за опасните мигранти, кои тие ги испраќаат на македонска територија, и дека се гледа само на побрз трансфер а не и на темелна контрола.