Повторно солзавец во парламентот на Косово

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Седницата на Собранието на Косово на која требаше да се разгледува Нацрт законот за буџет за 2016 година е прекината денеска откако опозицијата го блокираше парламентот со фрлање солзавец и прскајќи со бибер-спреј врз министри.

solzavec-kosovo-520x293

Во момент кога претседателот на парламентот Кадри Вејсели ја отвори седницата, пратеници од опозицијата се собраа на говорницата. Албин Курти, пратеник и поранешен лидер на Самоопределување употреби бибер-спреј кон обезбедувањето и министри од владата на Косово.

Истовремено некој од пратениците на опозицијата фрли и солзавец во собраниската сала. Седницата на парламентот беше веднаш прекината.

Тоа е четврти по ред инцидент во рок од 2,5 месеци откако опозицијата ја блокира работата на парламентот барајќи откажување од Договорот за заедници на српските општини како и демаркација на границата со Црна Гора./МИА