Се повеќе фалс сириски пасоши, пронајдениот на местото на нападот бил на убиен сириски војник

од desk3
84 прегледи

Идентитетот од пасошот на името на Сириецот Ахмед ал Мохамед, пронајден до трупот на еден од самоубијците во Париз кои ги извршија нападите од 13-ти ноември, е на сириски војник загинат пред неколку месеци во Сирија, пренесоа Франс прес и ТАСС.

апсењ ПАРИЗ

Пасошот, пронајден во Париз, покажуваше дека Ахмад ал Мохамад е роден на 10 септември 1990 година во сирискиот град Идлиб, потсетуваат агенциите.

Според извори на британскиот весник “Гардијан” Ал Мохамад бил војник од силите лојални на сирискиот претседател Башар Асад, пренесоа агенциите. Тој бил убиен пред неколку месеци, додава агенцијата.

Кои се париските бомбаши?

Според извори, цитирани од британскиот весник. “Дејли мејл”, точна копија на пасош, како овој пронајден во Париз, може да се добие против износ од над 3.000 долари. Лажниот пасош се издавал за неколку дена, додава британскиот весник.

Анализа на документот првично покажа дека со него на грчкиот остров Лерос на 3 октомври влегол мигрант кој го доставил на грчките власти. Потоа овој човек ја напуштил Грција на непознат датум, а потоа бил пресретнат во Србија и Хрватска, каде се упатил кон Западна Европа. Вчера сепак српската полиција објави дека уапсила мигрант во приемениот центар Прешево, кој носел пасош со исто име- Ахмад ал Мохамад со истите податоци како на пасошот, пронајден до трупот на џихадистот во Париз. Единствено сликата била поинаква.

Носителот на сирискиот пасош, пронајден во Париз, барал азил

Според српската полиција како пасошот на џихадостот во Париз, така и пасошот кај бегалецот во Прешево се лажни. Сега српските власти во соработка со француските власти го истражуваат потеклото и на двата документи.

Пронаоѓањето на сирискиот пасош до трупот на џихадисото ја засили загриженоста дека меѓу бегалците од Сирија може да има и џихадисти, забележуваат агенциите.

По повод пронаоѓањето на пасошот Германија предупреди дека може да станува збор за лажни траги, намерно подметнати од “Исламска држава”, за да се политизира и радикализира прашањето со бегалците во Европа. Француската крајна десница веќе упати повик за итен прекин на преземањето на бегалци во земјата. Во САД и Канада гувернери се изјаснија против плановите за прием на сириски бегалци.